• 1 чаша од 200 мл. леќа
  • 3- 4 чаши вода
  • 1 глава кромид
  • 5-6 чешниња лук
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица ким
  • 1 лимон
  • на вкус сол
  • 1 ракатка магданос

Ќофте од црвена леќа (посно)

  1. Измијте и нека се исцеди леќата.
  2. Ставете во касеролата водата, откако ќе зоврие додадете ја леќата, нека се вари на тивко околу 20 мин, тргнете ја настрана да олади.
  3. Испасирајте ја ( а црвената леќа кога е добро сварена, таа е веќе како каша и доволно само добро да разбркате), додадете ситно сецканиот кромид и магданос, пресуваниот лук, кимот, црвениот мелен пипер, сокот од лимонот, осолете на вкус.
  4. Формирајте ќофтиња во големина која вие ја сакате, увалкајте во презла. Одлучете вие дали ќе ги пржите или само кратко потпечете во рерна откако ќе ги наредите на сосема малку помастено тавче.

Забелешка

– Леката откако ќе олади треба да нема воопшто вода, да е густа и податлива за формирање на ќофтето. Доколку ви се случи да сепак останала ретка, тогаш додадете мисирно брашно или палента, згуснете ја и понатаму продолжете според рецептот.

– Сокот од лимонот не додавајте го одеднаш, пробајте на вкус.

– Комотно можат да се служат како мезе на слави за време на постите.