Потребно:

  • 1 шолја хељда
  • 2 прачки праз
  • 50 грама цели ореви
  • Каранфилче, сол, бибер
  • 1 лажичка масло

Подготовка:
Хељдата ставете ја во зовриена и посолена вода и додадете неколку каранфилчиња кои ќе дадат посебна арома. Варете 20-30 минути, додека не омекне. Во посебен сад ставете вода да зоврие, додајте исецкан праз. Варете го кратко време. Во тава пропржете ги оревите, со постојано мешање, за да не загорат.

Во исцедената и добро оладена хељда додајте го оладениот праз и маслото. На крајот јадењето зачинете  со сол, бибер и со испржените ораси. Додајте и малку сушена жалфија, која е добар антисептик.

Оваа салата може да се послужи како главен оброк за време на деновите на пост, но и како прилог со полесни јадења.