Во денешно време,големата популарност на чиа семето се должи на неговата висока хранлива вредонст.Чиа семето претставува балансирана мешавина на протеини,јаглехидрати,масти и растителни влакна.Содржи 5 пати повеќе калциум од млекото, 3 пати повеќе железо од спанаќот,3 пати повеќе антиоксиданси од боровинките и 2 пати повеќе калиум од бананите.
chia seme
Покрај тоа,чиа семето е најбогат извор на есенцијални масни киселини како омега 3 и омега 6.Со додавање на само две лажици циа семе во вашата дневна исхрана се обезбедуваат околу 7 грама од дневните препорачани дози на влакна,4 грама протеини,5 грама омега-3 масни киселини,18% од дневно препорачаните дози на калциум,35% на фосфор,24% на магнезиум и 50% на манган.Чиа семето го потикнува имунитетот и репродуктивниот систем,го намалува нивото на холестеролот,триглицеридите и високиот крвен притисок.Една студија направена во болницата Св.Михаил во Торонто покажала дека,учесниците кои редовно јаделе чиа семе имаа значително намалување на притисокот.Чиа семето може да помогне кај пациенти со диабетес.Конзумирање на чија пред оброкот го намалува апетитот,дава чуство на ситост,го покачува нивото на енергијата.
chia seme1
Истражувањата покажуваат дека чиа семето помага на пациенти со биполарно растројство, депресивно однесување, ментална слабост и губење на меморија со што го подобрува сонот и расположението.Чиа семето нема вкус,но ако го комбинирате со друга храна ќе добиете не само вкусна туку и визуелна наслад.Може да се јаде сирово во додаток на смути,исцеден сок,житарки,ориз или зеленчук.Претставува идеално дополнување како природен сврзувач на пецива,леб,колаци и бисквити